Не можете да ѝ одолеете на желбата да видите што има ново на Facebook? Не се загрижувајте, не сте сами. Ново американско истражување покажало дека друштвените мрежи создаваат поголема зависност отколку цигарите и алкохолот.
Истражување спроведено во 1000 универзитети во 10 земји покажало дека кога студентите ќе се „исклучат“ од технологијата, започнуваат да покажуваат слични симптоми како и зависниците од дрога.