Неверојатно е колку многу модните додатоци можат да придонесат за подобрување на финалниот изглед. Тие се и најевтиниот начин да ги следите модните трендови. Прочитајте што е актуелно за оваа сезона и бидете во чекор со модата.
За да изберете модерни чевли или чизми кои ќе го надополнат и подобрат вашиот стил, потребно е да ги знаете најновите трендови. Високите чизми, чизмите со крзно и чевлите со шпиц се дел од обувките што ќе бидат актуелни оваа сезона.
Новата сезона не значи само нови трендови кај моделите на облеката, туку и нови трендови кога се работи за боите. За среќа, дизајнерите се погрижија да имаме одлични трендови кои лесно можат од модните писти да се пренесат на улица. Еве со какви бои треба да започнете да го полните вашиот плакар.
Намалувањето на температурите е добар знак дека е време да ослободите повеќе простор во плакарот за потопли парчиња облека. А за полесно да се одлучите што да ставите на дофат на рака и што да купите од новите колекции, еве дел од трендовите за сезоната есен/зима 2010-2011.