Жените облечени во црвено поседуваат магнетска привлечност за спротивниот пол – факт кој добро ни е познат. Но, научниците сега со редица експерименти се обидоа да откријат зошто мажите толку „паѓаат“ на црвената боја. Дознајте тука.
Жените облечени во црвено не само што повеќе го привлекуваат вниманието на спротивниот пол, туку и стануваат неодоливи, па поголема е веројатноста мажите да им пријдат и да флертуваат со нив.
Отсекогаш се сметало дека црвената боја ги прави жените посекси и попривлечни за машкото око. Но, истражувањата покажаа дека црвеното може да им помогне и на мажите да бидат поатрактивни за понежниот пол.