Рекорден број луѓе денес ќе се вклучат во иницијативата „Часот на Земјата“. Во периодот од 20:30 до 21:30 по локално време, стотици милиони луѓе низ цел свет ќе го изгаснат осветлувањето, како симболичен гест за поддршка на борбата против климатските промени.