Во Битола доаѓа уникатната француска актерка Изабел Ипер. Нејзиниот дводневен престој на „Браќа Манаки“ ѝ е прво доаѓање на филмски фестивал во регионот.
Објавена е програмата на 34. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, која под мотото „Пушти ја светлината“ во 10 програмски целини донесува врвни 74 наслови од светската и од македонската кинематографија. Прочитајте повеќе.
Српската актерка Мирјана Карановиќ, што генерации гледачи ја препознаваат од голем број легендарни филмови од територијата на поранешна Југославија, го потврди учеството на реномираното Сценаристичко катче „Браќа Манаки“ 2013.
Објавени се составите на жири-комисиите што ќе одлучуваат за наградите во натпреварувачките селекции на Фестивалот „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 14 до 20 септември во Битола. Дознајте ги тука.