Во прекрасниот амбиент во Македонска филхармонија, пријателите на „Божиновски часовници и накит“ имаа ексклузивна можност да се запознаат со новата колекција на часовници од врвниот бренд Omega.
Симболично во знак на благодарност и со цел одбележување на прекрасната енергија споделена со македонската публика на 2Cellos, „Божиновски часовници и накит“ им додели дијаманти на познатото хрватско инструментално дуо.