Со силни емоции, моќна сценска енергија и извонредна музичка изведба, Оркестар DIVA минатата вечер ја воодушеви публиката со маестралната изведба на мјузиклот „Freddie The Queen“ во Битола.
Звуците и стиховите на македонски евергрини ја исполнија големата сала на Центарот на културата во Битола непосредно пред да се изгаснат рефлекторите на тридневниот Фестивал на музика од светот.