Мода Модниот свет се збогува со Бил Канингeм, легендарниот фотограф и кумот на уличниот стил Њујоршката модна сцена изгуби легендарна личност. Вчера, на 87-годишна возраст почина Бил Канингeм, модниот фотограф и колумнист кој со велосипед „крстареше“ низ Големото јаболко, неуморно штракајќи со својот фотоапарат.