Допирот е многу повеќе од обичен контакт со кожата. Тоа е првиот јазик кој го учиме и останува нашето најбогато средство за изразување на емоциите. Прочитајте повеќе за магијата на допирот во нашето секојдневие, но и за неговото моќно влијание во љубовната врска.
Бакнежот е мистерија на која ѝ е потребна интерпретација. Иако не забележувате, секој ваш бакнеж го носи отпечатокот на вашите мисли и во себе содржи различна порака. Дознајте што се крие зад секој тип бакнеж.
По повод Св. Валентин, 14 парови од Тајланд пред два дена започнаа да се бакнуваат со цел да го срушат Гинисовиот рекорд за најдолг бакнеж. Најиздржливиот пар успеа да ги држи усните споени дури 46 часа, 24 минути и 9 секунди и со тоа постави нов Гинисов рекорд.
Прегратките, допирите и милувањата преку кои ја искажуваме љубовта имаат многу позитивно влијание, бидејќи го редуцираат стресот, ја намалуваат болката и помагаат за одржувањето на цврста врска, тврдат научниците.
Првиот романтичен бакнеж е толку значаен што повеќето луѓе можат да се сетат на 90% од деталите поврзани со него. Научниците тврдат дека спомените за првиот бакнеж се посилни дури и од спомените поврзани со губењето на невиноста.