Префинетост и сексапил зрачеше од секоја креација презентирана на ревијата висока мода на Atelier Versace за сезоната есен/зима 2012-2013. Погледнете ја колекцијата.
Модната линија Atelier Versace и официјално ги објави фотографиите од новата колекција. Полскиот модел Касија Струс изгледа нереално убаво во креациите кои ги гледавме и допрва ќе ги гледаме на црвените теписи и по едиторијалите.
Новата колекција на модната линија Atelier Versace навистина остава без здив. Инспирирани од принцезите од бајките, креациите се сензуални, нежни, женствени и се создадени за да ја истакнат убавината на женското тело. Погледнете ги фотографиите.