• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Сум изневерувал, но воопшто не се гордеам со тоа“: Саша Ковачевиќ искрен за верноста во врските

18 февруари 2026, 14:10
  • cподели

Саша Ковачевиќ се отвори за грешките и лошите постапки од младоста и призна дека изневерувал во минатото.

Три месеци по веридбата со Зорана Тасовац, 40-годишниот српски пејач без задршка призна дека ги изневерувал девојките во минатото, но дека не се гордее со тоа.

Саша Ковачевиќ 

Во интервју за Alo.rs, Саша бил запрашан како реагира на неверство, на што тој одговорил:

Веројатно како и секоја нормална личност. Да го изневериш најблискиот, партнерот, тоа не може да биде убаво чувство.

Да, сум изневерувал. Воопшто не сум горд на себе поради тие работи, но што да кажам… Веројатно тоа доаѓа со годините... Ние мажите сме чудна сорта – признал искрено пејачот.

Ковачевиќ рече дека веројатно и тој бил изневеруван некогаш иако немал сознанија за тоа. Но, неговата реакција на таква ситуација би зависела од степенот на љубов, страст и емоции во врската.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ALO! DNEVNE NOVINE (@alo_novine)

Никој од нас не сака да биде изневеруван. Но, како ќе се одвива ситуацијата зависи од разни фактори – дали тогаш си во брак, дали имате деца, дали ја сакаш таа личност, дали таа личност те сака тебе... – рече тој.

Иако во младоста честопати ги менувал девојките, денес неговиот живот изгледа поинаку. Тој речини една деценија е во врска со Зорана, која ја опишува како своја најголема поддршка, а нејзината ќерка ја прифаќа како своја.

Tags
Саша Ковачевиќ

Најнови

  • Колекција на Зухаир Мурад

    Раскош и оптимизам доминираат во најновата колекција висока мода на Зухаир Мурад

    Wed, 02/18/2026 - 14:20
  • „Сум изневерувал, но воопшто не се гордеам со тоа“: Саша Ковачевиќ искрен за верноста во врските

    Wed, 02/18/2026 - 14:10
  • „Ти си моето срце што чука надвор од мене“: Весна Петрушевска со емотивна порака за ќерката Мина

    Wed, 02/18/2026 - 11:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.