Српската актерка Милена Радуловиќ блесна на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција
Милена Радуловиќ застана рамо до рамо со светските ѕвезди во Венеција.
На црвениот тепих на Филмскиот фестивал, 28-годишната актерка се појави во блескава црна креација од Марија Тарлаќ. Убавата Србинка присуствуваше на премиерата на филмот „Ferrari“ со Пенелопе Круз и Адам Драјвер, режиран од Мајкл Ман.
Ова е 80-то издание на најстариот филмски фестивал на светот и ќе трае до 9 септември.