• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Срцето ни е скршено“: Семејството на Синди Крафорд неутешно, се збогуваше со Присли кој почина на 27 години

19 октомври 2026, 09:03
  • cподели

По неколкунеделна тишина, Синди Крафорд и нејзиното семејство јавно проговорија за загубата на Присли Гербер, кој го напушти овој свет на 27-годишна возраст. 

Со емотивни пораки и фотографии, 60-годишната манекенка, нејзиниот сопруг Рендал и ќерката Каја се потсетија на младото момче кое почина во установа за рехабилитација.

Синди и Ренди објавија заедничка порака на социјалните мрежи, во која не ја криеја огромната болка со која се соочуваат.

„Неутешни сме по загубата на нашиот сакан син и брат. Се чувствуваме благословени што го имавме Присли во нашите животи 27 години. Тој е нежна и прекрасна душа, која сакаше и беше сакана, сега и засекогаш. Многу сме горди на начинот на кој чекореше низ животот, со добрина и искреност, не плашејќи се да ја покаже својата ранливост.

Благодарни сме за огромната љубов и поддршка која ни ја испраќаат сите оние кои го познаваат и го сакаат нашето семејство, но и непознатите луѓе кои сочувствуваат со нашата болка.

Додека да се сретнеме повторно, наше мило момче. Те сакаме засекогаш.

Мама, тато и Каја 🪽“ – стои во нивната порака.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Особено емотивна беше и пораката на неговата помлада сестра Каја, која сподели фотографии и видеа од нивното детство и заедничките моменти.

„Знаеш колку многу сакав да бидам твоја сестра. Тоа отсекогаш било и засекогаш ќе остане мојата омилена работа во врска со самата себе“ – напиша Каја.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

Таа го опиша Присли како свој најголем учител, најдобар пријател и заштитник, присетувајќи се на чувството на сигурност кое го имала покрај него уште од најраното детство.

„Присли, немам зборови, а можеби малата утеха е тоа што никогаш и не ни беа потребни. Зборовите не успеваат, одземаат, сумираат, но секогаш ја пропуштаат вистината. Колку бев наивна што верував дека јазикот може да ја надмине тагата.

Ја прочитав целата можна литература, а сепак ги немам одговорите. Моите зборови не можат да се споредат со ова, со огромната болка од тоа што те изгубив“ – напиша таа.

Каја се присети и на еден момент од детството, кога се исплашила пред да ѝ ги дупнат ушите за да носи обетки. Присли тогаш решил да оди прв, за да ѝ ја олесни постапката.

„И постојано мислам на тоа како, кога бевме мали, се исплашив пред да ми ги дупнат ушите, па ти отиде прв. Ти секогаш одеше прв“ – напиша Каја.

Но, токму тој спомен добил сосема поинакво значење по неговата смрт. „Навистина, по ѓаволите, посакувам овој пат да не отидеше прв“ – додаде таа.

И покрај неизмерната болка, популарната манекенка нагласила дека никогаш не би ги заменила годините кои ги поминале заедно.

„Се родив сакајќи те. Ќе умрам сакајќи те. Никогаш немало ништо друго“ – пишува неутешната сестра.

Присли беше единствениот син на Синди и Ренди, а во светот на модата влезе уште како тинејџер. Работеше со познати меѓународни модни брендови, меѓу кои Burberry, Dolce & Gabbana и Bottega Veneta.

Тој почина на 20 септември, на 27-годишна возраст. Неговата смрт сè уште е предмет на истрага, а официјалната причина за смртта не е утврдена, но тој отворено зборуваше за своите проблеми со менталното здравје, депресијата и зависноста од супстанции. Споделуваше видеа за закрепнувањето и преку социјалните мрежи се обидуваше да им помогне на луѓето кои се соочуваат со слични проблеми. 

Во една од неговите последни објави, тој откри дека повторно бил на третман за зависноста, надевајќи се дека тоа ќе биде последен пат.

Tags
Синди Крафорд
Присли Гербер
Каја Гербер

Најнови

  • „Срцето ни е скршено“: Семејството на Синди Крафорд неутешно, се збогуваше со Присли кој почина на 27 години

    Mon, 10/19/2026 - 09:03
  • Марија и Бојан од Ај Кју станаа родители и ја споделија првата слатка фотографија со бебенцето

    Sun, 10/18/2026 - 11:37
  • Маратонците од Нова Градишка пристигнаа во Крушево: „Вечна му слава на нашиот ангел!“

    Fri, 10/16/2026 - 14:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.