• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Дете

Справете се со пребирливоста на детето во исхраната

13 мај 2010, 10:07
  • cподели

Не е реално да очекувате вашето дете доброволно да јаде буквално сè што ќе му сервирате. За децата нормално е да бидат пребирливи кога станува збор за јадење. Некои имаат одбивност кон секоја нова храна, а некои пак по одреден период започнуваат да ја одбиваат храната која што до вчера ја обожавале.

Пребирливоста е начин на кој што тие ја изразуваат својата независност и често не се должи на самиот тип на храна. Затоа, ако го принудувате вашето дете да јаде нешто што тоа го одбива, ризикувате да добиете негативно однесување и давање на уште поголем отпор.

Дете што не сака да јадеПребирливоста е еден од начините на кои што децата ја изразуваат својата независност.

Наместо секој ден да водите борба со цел да ја јаде сервираната храна, обидете се на смирен ненаметлив начин да го надитрите.

  1. Вклучете го во подготовката и купувањето на храната. Кога сте во супермаркет, оставете го вашето дете да ги одбере зеленчуците и овошните плодови. Така ќе биде посклоно да ги проба кога ќе му ги послужите на масата. Исто така, вклучете го во самата подготовка на јадењето. Додека ги сечкате зеленчуците, направете пауза неколку пати и оставете го вашето дете да ги собере од даската за сечкање и да ги стави во чинија. Или пак дајте му да ги мие плодовите. Кујната е одлично место каде што децата можат да дојдат во допир со зеленчуците и плодовите, за кои во други услови воопшто нема да се заинтересираат.
  2. Дајте му повеќе избор. Сервирајте многу различни јадења за секој оброк. Колку почесто детето стапува во контакт со дадена храна, толку е поголема веројатноста дека ќе ја прифати и ќе ја јаде. На почетокот на оброкот ставете на маса свежа салата или чинија со зеленчуци. Тогаш детето е најгладно, па сигурно ќе падне во искушение да проба.
  3. Нудете му една по една нова храна. Наместо да послужите повеќе нови јадења, послужете го омиленото негово јадење и ставете на масата нешто ново. Но, не ѝ ставајте голем акцент на новата храна. Оставете ја без да најавувате дека е нешто ново. Така ќе му побудите поголем интерес за да ја проба. Имајте во предвид дека децата радо би јаделе нешто што им е познато и што со сигурност знаат дека им е убаво, наместо да пробаат нешто ново. Затоа, бидете трпеливи.
  4. Не му придавајте големо значење на десертот. Доколку употребувате условување од типот „само ако изедеш сè во чинијата, ќе можеш да јадеш чоколадо“, вие му давате големо внимание на десертот и го правите еден вид награда. На таков начин му потскажувате на вашето дете дека десертот е највкусното нешто и тоа ќе го сака уште повеќе.
  5. Отстранете сè што му го одвлекува вниманието. Додека сте на масата за јадење, исклучете го телевизорот, забранете ги играчките и во релаксирана атмосфера послужете го јадењето. Ако нешто му го одвлекува вниманието на детето, тогаш ќе имате проблеми да му го зачувате интересот за здравата храна што сте ја приготвиле.
  6. Чувајте на видик здрави „грицки“. Децата обожаваат да грицкаат преку целиот ден. Но, наместо да ја наполните чинијата со смоки или гризини, наполнете ја со мали моркови или мали („чери“) домати.
  7. Направете ја храната забавна. Исечете ги зеленчуците во различни големини и мешајте ги во различна боја. Купете зеленчуци во сите бои на виножитото и сервирајте ги заедно во една чинија.
  8. Направете ја храната повкусна. Не плашете се ако храната има повеќе калории. Не мора зеленчуците да ги приготвувате на пареа, затоа што така им се досадни на децата. Додајте путер или пак прелијте ги со вкусен сос. Неколкуте калории плус нема да му наштетат на вашето дете. Сепак, подобро е на таков начин да ја јаде здравата храна, отколку да не ја јаде воопшто.
  9. Дајте му добар пример. Децата учат од своите родители. Ако вие ги одбегнувате зеленчуците, не очекувајте вашето дете да биде воодушевено кога ќе ги види. Сè што сакате тоа да јаде, треба да јадете и вие. Додека јадете напомнувајте му колку е вкусно и кажувајте му дека здравата храна ќе му помогне да порасне здраво, убаво и паметно.
  10. Надитрете го. Постојат безброј начини на кои што можете да му „подметнете“ здрава храна на вашето дете, без тоа да забележи. Пример: во лазањата додајте една шака спанаќ или микс од зеленчуци или пак во сосот ставете пасирани брокули. Така тоа ќе ја внесе здравата храна, без да треба да водите војна на маса.

Не грижете се премногу ако вашето дете е пребирливо. Најголем дел од децата на возраст од 2-5 години се пребирливи во исхраната. Бидете трпеливи.

Tags
деца
исхрана кај децата

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.