• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Спогодбено се разведе со бившиот, сега е во врска со 19 години помлад дечко: Маја Шупут пресреќна со „Господин совршен“

23 април 2026, 12:51
  • cподели

Маја Шупут ужива во новото љубовно поглавје со 19 години помладиот Шиме Елез, а сега за првпат отворено проговори за разводот од Ненад Татаринов, со кого има 5-годишно синче.

46-годишната пејачка откри дека целата постапка за развод ја држела во тајност од сите, па дури и од најблиските.

Маја и Ненад одлучиле да стават крај по 6 години брачен живот, но без драма, кавги или скандали. Напротив, разводот бил мирен, спогодбен и со взаемна почит. Иако таа документите ги поднела уште во јануари, јавноста дозна за тоа дури во јуни.

Она што изненади многумина е фактот дека и по формалниот развод, Мaја продолжила да живее со поранешниот сопруг, а тие дури и патувале во Дубаи со нивниот син Блум, задржувајќи хармонија и покрај промената на брачниот статус. 

Пејачката објасни дека сакала нивното дете постепено да ја прифати новата реалност, без шокови и нагли промени.

„Разводот е голема одлука, не е обичен прекин на врската... Сакав тоа да го проживееме приватно“ – изјави таа, додавајќи дека дури ни нејзината мајка не знаела за одлуката сè до неколку дена пред објавата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by IN magazin (@inmagazinnovatv)

Сепак, љубовниот живот на Мaја не застана тука. По разводот, таа започна врска со 19 години помладиот Шиме, познат на јавноста како „Господин совршен“. Нивната романса привлече големо внимание, но пејачката тврди дека разликата во години воопшто не ја чувствува.

Напротив, токму неговата енергија и опуштеност се она што ѝ било потребно во овој период од животот. 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by majasuput (@majasuput)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by majasuput (@majasuput)

„Таа леснотија, смеењето и позитивната енергија, тоа е нешто што на жена во мои години навистина ѝ треба“ – призна Мaја.

Иако нивната врска на почетокот беше под лупа на јавноста, сега Шупут делува посреќно и поопуштено од кога било.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by majasuput (@majasuput)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Šime Elez (@simeelez)

Tags
Маја Шупут

Најнови

  • Атрактивни близначки: Убавите внуки на принцезата Дијана во креации од Зухаир Мурад на премиера во Лондон

    Thu, 04/23/2026 - 14:17
  • Спогодбено се разведе со бившиот, сега е во врска со 19 години помлад дечко: Маја Шупут пресреќна со „Господин совршен“

    Thu, 04/23/2026 - 12:51
  • Игор Стефановски – Иџе и Игор Божиновски

    Божиновски и Игор Стефановски – Иџе во заедничко партнерство: 30 години прецизност се среќаваат со 25 години брзина

    Thu, 04/23/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.