Специјален момент мајка-ќерка: Принцезите Кетрин и Шарлот заедно свиреа на пијано за божиќна служба
Принцезата Кетрин и принцезата Шарлот имаа специјален заеднички момент кој трогна многумина.
43-годишната припадничка на британското кралско семејство свиреше пијано заедно со својата 10-годишна ќерка за божиќната служба во Вестминстерската опатија, која беше емитувана на Бадник.
Кетрин и Шарлот со широки насмевки ја свиреа „Holm Sound“ од шкотскиот композитор Ерлан Купер кој исто така беше присутен на настанот. Додека Кетрин свиреше само со својата лева рака, Шарлот ја користеше само десната.
Во видеото се слушаат зборовите на сопругата на принцот Вилијам од писмото кое им беше дадено на гостите во Вестминстерската опатија на службата. Во него се истакнува важноста на малите убави гестови и љубовта која се крие зад наједноставните постапки.
„Не оние сентименталните и големи гестови, туку во нежните. Момент на слушање. Утешителен збор. Пријателски разговор. Подадена рака за помош. Подароци. Овие едноставни гестови на грижа можеби изгледаат мали, но придонесуваат за прекрасната таписерија на животот на која сите ѝ припаѓаме“ – вели Кетрин, која минатата година водеше своја битка со ракот и примаше превентивни хемотерапии.
Покрај Шарлот, Кетрин има уште двајца синови со принцот Вилијам.
Во нејзиното божиќно писмо пишува:
Божиќ е едно од моите омилени времиња во годината. Тоа е време на славење и радост, но и можност да забавиме и да размислиме за подлабоките нешта кои нè поврзуваат сите нас. Кога ќе застанеме и ќе се оддалечиме од притисоците на секојдневниот живот, наоѓаме простор да живееме со отворено срце, со љубов, добрина и простување — токму она што претставува божиќниот дух.
Божиќната приказна нè охрабрува да мислиме за искуствата и чувствата на другите... Нè охрабрува да се свртиме кон љубовта, а не кон стравот. Љубовта која ја покажуваме кон себе и љубовта која ја покажуваме кон другите. Љубов која слуша со емпатија, љубов која е љубезна и полна со разбирање, љубов која простува и љубов која носи радост и надеж.
Токму таа љубов е најголемиот подарок што можеме да го добиеме. Не само за Божиќ, туку секој ден од нашите животи. Љубовта е светлината која може да свети силно, дури и во нашите најтемни моменти. Сите ние имаме нешто што можеме да си го понудиме еден на друг. Нежни зборови или уво подготвено за слушање, рака околу уморно рамо или тивко присуство покрај некого.