Соновник

4268 збора, 10799 толкувања

Заби

  • Ако ви паѓаат заби
    Предзнак за сериозна болест или смрт.
  • Ако ви падне катник или умник
    Предзнак за смрт на ваш далечен роднина.
  • Ако ви падне преден заб
    Предзнак за смрт на ваша блиска личност.
  • Ако ви вадат заб
    Ќе направите голема грешка во работата.
  • Ако на некој друг му вадат заб
    Ќе стекнете нови познаници од кои нема да добиете ништо добро.
  • Ако ви поправаат заб
    Ќе заработите пари.
  • Ако си ги миете забите
    Ќе му помогнете на пријател во неволја.
  • Ако забите ви пречат во зборувањето
    Ви претстои кавга или спор за наследство.
  • Туѓи заби
    Ќе се сретнете со саканата личност.
  • Криви заби
    Чувајте си го здравјето затоа што може да се разболите од непријатна болест.
  • Пожолтени заби
    Ви претстојат материјални загуби.
  • Убави и здрави заби
    Ви претстои значително подобрување на вашата финансиска состојба.
  • Пломбиран заб
    Зад постапките на некоја личност кон вас стојат скриени намери.
  • Скршен заб
    Претстојниот период ќе ви биде исполнет со грижи и проблеми.