Соновник
4268 збора, 10799 толкувања
Секс
-
Ако набљудувате сексуален акт и ви се допаѓа
Ќе се радувате на успех и ќе бидете задоволни од вашиот живот во секој поглед. -
Ако набљудувате сексуален акт и не ви се допаѓа
Ви претстојат тешкотии поради вашата нерешителност. -
Ако учествувате во сексуален акт
Пријатни доживувања. Ќе успеете мудро да се прилагодите кон некои промени кои ќе настапат во вашиот живот. -
Ако сексот резултира со раѓање на дете
Вашиот живот се движи во правилната насока. Ќе настапат позитивни промени кои ќе ви го направат секојдневието подинамично. -
Ако имате секс со вашиот љубовен партнер
Копнеете за поголема блискост и за повеќе авантура на сексуален план. -
Ако имате секс со „забранета“ личност
Имате проблеми во интимниот или професионалниот живот. -
Ако имате секс со славна личност
Се обидувате да добиете признание за вашиот досегашен труд. -
Ако имате секс со лице од ист пол
Ќе ѝ помогнете или ќе ѝ направите услуга на личност од истиот пол. -
Ако имате секс целосно облечени
Криете нешто од својот партнер и тоа предизвикува да чувствувате грижа на совеста. -
Ако имате секс на јавно место
Многу луѓе зборуваат за вашиот приватен живот. -
Сексуални перверзии
Веројатно имате емоционален или физиолошки проблем. -
Секс проследен со страв од бременост
Се обидувате да се оддалечите од луѓето кои ви се премногу блиски, особено со личноста со која имате сексуални односи.