Соновник

4268 збора, 10799 толкувања

Пес

= Куче

Симбол на верност и пријателство.

  • Ако храните куче
    Ќе дадете повод да бидете навредувани.
  • Ако ве касне куче
    Вашите конкуренти ќе ве победат.
  • Ако некој друг го касне куче
    Нечија љубов кон вас ќе премине во омраза.
  • Ако викате куче
    Ќе си размените навредливи зборови со некоја блиска личност.
  • Ако ви подарат куче
    Ќе заработите пари на нечија мака.
  • Ако присвоите бездомно куче
    Ќе придобиете сојузник на кого не сте се надевале.
  • Ако куче ви лае
    Не влегувајте во расправии затоа што многу ќе ви наштетат.
  • Ако ловите со куче
    Вашата непостојаност ќе ви создаде главоболки.
  • Вашето куче
    Треба да внимавате на вашиот дом и повеќе да се грижите за него.
  • Куче во куќарка
    Имате вистински пријател.
  • Големо куче
    Некое ваше пријателство ќе се продлабочи.
  • Мало куче
    Ќе стекнете нов пријател.
  • Куче кое `ржи
    Предзнак за опасност или сериозна болест.
  • Бело куче
    Доброто однесување и манири ќе ви помогнат да ги победите вашите непријатели.
  • Црно куче
    Имате злобен соперник кој нема да бира средства за да ве победи.
  • Улично куче (`ртка)
    Ќе чуете интересни вести.
  • Мртво куче
    Ќе го победите вашиот противник.
  • Бесно куче
    Ќе се најдете во шах-мат позиција.
  • Борба со кучиња
    Ќе ве повикаат да решите некој спор.
  • Кучка со мали кученца
    Ќе им помагате на вашите пријатели.