Соновник
4268 збора, 10799 толкувања
Паѓање
-
Ако паѓате
Чувствувате дека немате контрола над работите кои ви се случуваат. Претскажува несигурност и недостаток на поддршка. -
Ако некој друг паѓа
Вашите проблеми конечно ќе бидат решени. -
Ако паднете и веднаш се исправите
Ви претстои непријатен период кој за среќа ќе трае кратко. -
Ако паднете, но не можете да се исправите
Ќе се соочите со финансиски проблеми или ќе се разболите. -
Ако паднете од скала
Ќе бидете понижувани. -
Ако паднете во шахта
Некој ваш голем непријател ќе успее да ве повреди. -
Ако паднете во вода
Вашите непријатели имаат зли намери, но нема да успеат ги реализираат. -
Ако паднете во вода и успеете да испливате на копно
Ќе си го вратите она што ви било одземено. -
Ако паднете од велосипед
Може да ја изгубите работата поради вашата неодговорност. -
Ако паднете од кревет
Внимавајте какви иницијативи преземате. -
Ако паднете одејќи
Многу луѓе ви завидуваат. -
Ако ви паѓаат заби
Сериозна болест или смрт. -
Ако ви падне катник или умник
Смрт на ваш далечен роднина. -
Ако ви падне преден заб
Смрт на ваш близок. -
Паѓање на ѕвезда
Загуба на близок човек. -
Паѓање на коса или нокти
Ќе имате проблеми со кои нема да можете да се справите. -
Лисја кои паѓаат
Тага. -
Плодови кои паѓаат
Пред вас има многу можности за успех, но вие нема да ги искористите.