Соновник

4268 збора, 10799 толкувања

Орел

Ако сте жена – горите од желба да имате дете. Ако сте маж – ќе постигнете голем успех.

  • Ако чуете орел
    Ќе ја придобиете довербата на многу влијателни луѓе.
  • Ако убиете орел
    Среќата ќе ве напушти.
  • Орел кој слетува
    Ви претстојат тешки моменти.
  • Орел кој слетува на вашето рамо
    Ќе бидете почитувани и ценети од луѓето околу вас.
  • Борба на два орли
    Ви претстојат непријатности поврзани со поделба на имот.
  • Орел кој кружи над вас
    Ќе дознаете за нечија смрт.
  • Орел кој лета ниско
    Ќе им дојде крај на непријатностите кои долго време ги имате на работното место.
  • Орел кој лета многу високо
    Ќе стекнете и богатство и слава.
  • Орел застанат на врв на планина
    Ќе доживеете успеси за какви што не сте ни сонувале.
  • Орел во кафез
    Ќе имате непријатности во семејството.
  • Орел кој носи плен
    Ваш непријател ќе се обиде да ви одземе нешто.
  • Бел орел
    Ќе добиете наследство.
  • Црн орел
    Ќе загубите пријател кој многу ви помогнал во животот.