Соновник
4268 збора, 10799 толкувања
Мачка
-
Ако се борите со мачка
Пазете се од кражба. -
Ако ве касне или издраска мачка
Ве демне некаква болест или несреќа. -
Ако јадете месо од мачка
Ќе слушнете лоша вест. -
Ако си играте со мачка
Ќе бидете предадени или изневерени. -
Ако ловите мачки
Вашата љубовна желба нема да се исполни во блиска иднина. -
Ако убиете мачка
Се обидувате да го потиснете женското во себе си. -
Ако галите мачка
Ваш непријател ќе ги признае вашите постигнувања. -
Ако чуете мјаукање од мали мачиња
Ќе откриете дека сте биле излажани во љубовта или ќе ви се растури бракот или свршувачката. -
Мачка која се гали од вас
Пазете се од измама од личност од женски пол. -
Мачка која преде
Ќе го скротите вашиот „див“ партнер. -
Мачка која мјаука
Ќе дознаете за лагите на вашиот партнер. -
Мачка која лови глушец
Вашите соседи немаат добри желби за вас. -
Бесна мачка
Предзнак за несреќа. -
Мртва мачка
Ќе се ослободите од лош „пријател“. -
Бела мачка
Ќе бидете измамени од личност од женски пол. -
Црна мачка
Внимавајте! Се крои опасен заговор против вас. -
Шарена мачка
Набрзо ќе се радувате на успех во љубовта. -
Многу мачки
Ќе имате многу тајни непријатели. -
Мачки кои се тепаат
Семејни расправии. -
Мачка со мали мачиња
Ќе започнете да создавате свој дом и свое семејство.