Соновник

4268 збора, 10799 толкувања

Љубовен партнер

  • Ако вашиот партнер е грижлив и ве сака
    Очекувајте пријатни мигови со вашиот партнер. Дури и вашата потсвест знае дека сте со личност која ја заслужува вашата доверба и љубов.
  • Ако партнерот ви кажува дека не ве сака повеќе
    Ќе се почувствувате несигурни во врската поради вмешаност на трето лице.
  • Ако сонувате дека имате љубовен партнер, а во реалноста не сте во врска
    Имате силна желба да започнете романса.
  • Ако сте заедно со партнер на ваша пријателка
    Потајно посакувате да поседувате некои од особините на вашата пријателка. Ќе бидете љубоморни на некое нејзино постигнување.
  • Ако вашиот партнер е мртов
    Немате доволно слобода во врската. Вашиот партнер ве ограничува.
  • Ако партнерот ве допира, а во реалноста сте привремено разделени
    Потсетување дека не треба да ги земате работите здраво за готово. Ценете ги повеќе малите нешта во животот.
  • Ако партнерот ви кажува дека е хомосексуалец
    Ќе чувствувате страв поврзан со иднината на вашата врска.