Соновник
4268 збора, 10799 толкувања
Летање
-
Ако летате
Предзнак дека ќе успеете во животот. Колку повисоко летате, толку поголем ќе биде вашиот успех. -
Ако летате со крилја
Ќе ви биде потреба нечија помош за да успеете. -
Ако се мачите да полетате
Ако сакате да стигнете до успехот, ќе треба да вложите многу повеќе труд. -
Ако некој друг лета
Ќе му завидувате на некого за постигнатиот успех. -
Ако летате ниско
Вашиот труд нема да ги даде очекуваните резултати. -
Ако паднете додека летате
Ќе се соочите со неочекувани проблеми.