Соновник

4268 збора, 10799 толкувања

Коса

  • Ако си ја потстрижувате косата
    Ќе бидете понижени.
  • Ако некој друг ви ја потстрижува косата
    Ќе се разболите од сериозна болест.
  • Ако си ја чешлате косата
    Ќе боледувате краток период.
  • Ако чешлате некого
    Ќе настапат позитивни промени поврзани со вашата работа.
  • Ако си ја бојадисувате косата
    Не ги лажете вашите пријатели затоа што вистината ќе излезе на виделина.
  • Ако некој ви ја бојадисува косата
    Ќе бидете излажани од блиска личност.
  • Ако си ја миете косата
    Предзнак за тажен настан.
  • Ако ви побели косата
    Вашите професионални квалитети ќе бидат признати и вистински оценети.
  • Ако ви паѓа косата
    Ќе загубите добар пријател.
  • Густа и убава коса
    Ќе водите богат живот и ќе бидете почитувани во општеството.
  • Проретчена коса
    Ви претстојат непријатни моменти.
  • Сплетена коса
    Предзнак за тага.
  • Виткана (кадрава) коса
    Ќе се соочите со љубовни проблеми.
  • Мокра коса
    Дел од луѓето околу вас ќе ве замразат.
  • Црна коса
    Вашата љубов ќе биде возвратена.
  • Руса коса
    Имате нелојален пријател.
  • Црвена коса
    Ќе се најдете во опасна ситуација.
  • Бела коса
    Финансиските средства на личноста што сте ја сонувале со бела коса ќе се намалат.