Соновник

4268 збора, 10799 толкувања

Карти

  • Ако играте карти
    Ќе се соочите со финансиски проблеми.
  • Ако некој друг игра карти
    Ќе успеете да ја искористите слабоста на вашите противници.
  • Ако играте карти сами со себе
    Ви претстои несреќен настан.
  • Ако играте карти со вашето семејство
    Ќе постигнете поголем успех од очекуваниот.
  • Ако правите трикови со карти
    Нечија судбина ќе зависи од вас.
  • Ако некој ви гледа на карти
    Лесно им се доверувате на луѓето, а тоа може многу да ви наштети.
  • Ако делите карти
    Ќе го промените работното место.
  • Ас детелина (треф)
    Материјални придобивки.
  • Ас баклава (каро)
    Ви претстои особено пријатна средба.
  • Ас срце (херц)
    Голема љубов.
  • Ас лист (пик)
    Ви претстојат разочарувања и неуспеси.
  • Поп детелина (треф)
    Ќе добиете помош од пријател.
  • Поп баклава (каро)
    Ќе бидете заплашени од повозрасен и повлијателен маж.
  • Поп срце (херц)
    Ќе обновите некоја стара љубов.
  • Поп лист (пик)
    Ќе наидете на пречки при реализирањето на вашите планови.
  • Дама детелина (треф)
    Ќе имате конкурент на љубовен план.
  • Дама баклава (каро)
    Ќе решите проблем поврзан со вашиот имот.
  • Дама срце (херц)
    Ќе извојувате победа на љубовен план.
  • Дама лист (пик)
    Ќе бидете предадени од блиска личност.
  • Џандар детелина (треф)
    Ќе запознаете личност која ќе ве измами.
  • Џандар баклава (каро)
    Ќе добиете неочекуван подарок.
  • Џандар срце (херц)
    Ќе запознаете личност која ќе ви стане лојален пријател.
  • Џандар лист (пик)
    Ќе наидете на конкуренција на работното место.