Соновник

4268 збора, 10799 толкувања

Капа

= Шапка

  • Ако носите шапка
    Луѓето ве почитуваат и ве ценат.
  • Ако најдете шапка
    Ќе ве следи среќа.
  • Ако држите шапка во рацете
    Ќе бидете понижени.
  • Ако купувате шапка
    Наскоро ќе најдете нова работа со поголема плата од сегашната.
  • Ако си ги замените шапките со некого
    Држете ги очите отворени! Ќе треба да постапите итро во одредена ситуација.
  • Ако ветерот ви ја однесе шапката
    Ќе заработите многу пари.
  • Ако шапката ви падне од главата
    Пријателите повеќе немаат доверба во вас.
  • Нова и убава шапка
    Ви или некој ваш близок ќе заминете на печалба.
  • Стара износена шапка
    Ќе загубите нешто или ќе бидете лишени од нешто.
  • Едноставна шапка
    Ќе извлечете материјална придобивка од нешто.
  • Шапка со цвеќиња, пердуви или панделки
    Сте постапиле неразумно во одредена ситуација.
  • Преголема, премала или неудобна шапка
    Многу ќе се разочарате.
  • Мокра шапка
    Ќе ви се расипат односите со блиска личност.
  • Црвена шапка
    Не им досадувајте на луѓе кои не се заинтересирани за она што имате да им го кажете.
  • Сина шапка
    Ќе доживеете големо задоволство.
  • Жолта шапка
    Покорно слушате сè што ќе ви каже одредена личност. Бидете понезависни.
  • Бела шапка
    Луѓето ве почитуваат.
  • Розова шапка
    Ако сте во врска – искрено го сакате вашиот партнер. Ако не сте во врска – набрзо ќе се заљубите.
  • Машка шапка
    Ќе постигнете успех на професионален план.
  • Женска шапка
    Ви претстои љубовна авантура.
  • Волнена шапка
    Ќе се радувате на добра здравствена состојба во наредниот период.
  • Памучна шапка
    Ќе добиете помош од ваш пријател.
  • Сламена папка
    Ќе се извлечете од комплицираната ситуација во која се наоѓате.
  • Многу шапки
    Ќе имате големи грижи и многу проблеми.