Соновник
4268 збора, 10799 толкувања
Дете
-
Здраво или насмеано дете
Ве очекуваат многубројни радости и успеси на сите полиња. -
Болно или натажено дете
Предзнак за проблеми од најразличен карактер. -
Вашето дете
Ви претстои брз напредок во кариерата. -
Дете што си игра
Ви претстојат финансиски потешкотии. -
Дете што трча
Ќе се здобиете со нов познаник којшто ќе ви се најде во животот. -
Дете што паѓа
Ќе се судрите со непријатности, но релативно лесно ќе ги надминете. -
Дете што плаче
Ќе доживеете голем срам. -
Дете што спие
Во вашиот дом ќе владеат слога и разбирање. -
Многу деца
Ќе бидете пријатно изненадени. Некој неочекувано ќе ви помогне или ќе добиете неочекуван подарок. -
Ако носите дете во рацете
Ќе бидете пофалени. Некој ќе упати многу добри зборови на ваша адреса. -
Ако добиете дете
Ве очекува голема среќа. Ќе доживеете успех преку ноќ. -
Ако храните дете
Во наредниот период ќе треба да ѝ посветите повеќе време на грижата за домот и семејството. -
Ако му помогнете на дете во неволја
Ќе можете да сметате на вашите верни пријатели ако западнете во непријатна ситуација. -
Ако тепате дете
Ќе имате кавга со вашите соседи.