Соновник

4268 збора, 10799 толкувања

Бакнување

  • Ако се бакнувате со вашиот партнер во темница
    Предзнак за неморално однесување. Постои ризик трета личност да се вмеша во вашата врска.
  • Ако се бакнувате со вашиот партнер на светло
    Имате сериозни и искрени намери кон партнерот.
  • Ако го бакнувате вашиот партнер на чело
    На повидок се мали проблеми, бидејќи тој нема да биде среќен што имате нападен додворувач.
  • Ако вашиот партнер ве бакнува на чело
    Има голема почит кон вас и не сака да ја изневери вашата доверба.
  • Ако ваша соперничка го бакнува вашиот партнер
    Постои опасност да ја изгубите својата самодоверба. Некој лажен пријател ви завидува.
  • Ако вашиот партнер бакнува друга личност
    Ќе бидете разочарани од постапките на партнерот.
  • Ако го бакнувате вашиот брачен партнер
    Предзнак за хармонични брачни односи. Мир и спокојство ќе завладее во вашиот дом.
  • Ако бакнувате нечиј партнер
    Ќе ве измачува љубомора бидејќи посакувате да почувствувате поголема страст и силна љубов во вашиот живот.
  • Ако бакнувате личност која е во брак
    Ќе напредувате на работното место, но не и во личниот живот.
  • Ако бакнувате личност која ја сметате за непријател
    Ќе остварите напредок во подобрувањето на односите со одреден пријател.
  • Ако бакнувате пријател
    Ќе копнеете за посилно пријателство со него или криете огромна желба за започнување на нова врска.
  • Ако ја бакнувате вашата мајка
    Ќе бидете почитувани и сакани од вашите пријатели.
  • Ако бакнувате свој брат или сестра
    Вашите односи со него/неа значително ќе се подобрат, а тоа ќе ви донесе обострано задоволство.
  • Ако бакнувате мртов човек
    Ви претстои несреќен настан.
  • Ако ја бакнувате земјата
    Ќе бидете понижени.
  • Ако ве бакне вдовец или вдовица
    Ќе се разболите.
  • Ако бакнувате мало девојче или момче
    За кратко време ќе се израдувате за вести за свадба.
  • Ако бакнувате непозната личност
    Ќе паднете во искушение да ги погазите вашите морални вредности.
  • Ако ве бакне непозната личност
    Ќе добиете помош и поддршка од личност од која не сте очекувале такво нешто.
  • Ако некој ви ја бакнува раката
    Ќе се појават озборувања кои ќе ја разнишаат вашата репутација.
  • Ако бакнувате нечија рака
    Имате неизмерна почит кон одредена личност и поради тоа ќе ѝ направите голема услуга.
  • Ако некој ве бакнува насила
    Блиска личност се обидува да ви го наметне своето мислење или да ве принуди да направите нешто што не сакате.
  • Ако бакнувате некого насила
    Можно е да доживеете непријатно искуство или да се соочите со мали здравствени проблеми.
  • Деца кои се бакнуваат
    Ќе царува мир и среќа во вашето семејство. Ќе бидете задоволни од развивањето на вашата кариера.