• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Со Љубов, твоето трето Дете“: Моника Милков емотивна на роденденот на Весна Петрушевска

11 март 2026, 09:15
  • cподели

Весна Петрушевска вчера го славеше својот 56-ти роденден.

Моника Милков не пропушти да го одбележи роденденот на жената која ја згрижи во својот дом и ја гледаше како своја ќерка. 

Милков состави компилација од заеднички фотографии со Весна и нејзините две деца Мина и Кирил, а во описот напиша емотивна порака за неа.

Среќен роденден, моја БејбиМама 🤍

Веќе 13 години си покрај мене, ден и ноќ. Беше тука кога срцето ми беше скршено, кога не го положив приемниот испит за факултет, кога многу пати не успевав да најдам работа, и кога бизнисот ми одеше горе-долу.

Во секој момент ти беше тука, со поддршка, со сила и со љубов.

Иако не сме поврзани по крв, ти си едно од најважните луѓе во мојот живот.
Нашиот живот е како ролеркостер, но знам дека ова е само почеток.

Среќен роденден, кралице. Те сакам. 🎂👑

Со Љубов,
Твоето трето Дете ❤️💐

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Monika Milkov (@monikamilkov)

Весна отворено има споделено дека поради ендометриоза не можела да забремени, а дека од мала знаела дека ќе посвои две деца. Таа желба ѝ се оствари по посвојувањето на Мина и Кирил.

Во 2015 година, Петрушевска во својот дом ја згрижи и Моника, која ја нарекува „третото дете“.

Tags
Моника Милков
Весна Петрушевска

Најнови

  • „За сите што се свои и не се менуваат за другите“: Откако „растури“ во „The Voice of Germany“, Тина Русева ја објави првата песна

    Wed, 03/11/2026 - 10:50
  • „Не ми е тешко затоа што ја сакам“: 8-годишно момче пешачи од Крагуевац до Белград за да собере средства за болната сестра

    Wed, 03/11/2026 - 10:05
  • „Со Љубов, твоето трето Дете“: Моника Милков емотивна на роденденот на Весна Петрушевска

    Wed, 03/11/2026 - 09:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.