• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Скопје за првпат дел од светското семејство „No Finish Line“ – 100 часа трчање, одење и хуманост за децата од Козле

10 септември 2026, 13:34
  • cподели

Од 9 до 13 септември, Скопје за првпат е домаќин на „No Finish Line Skopje“ – 100-часовен хуманитарен фестивал на трчање, одење, спорт, музика и дружење, кој ќе се одржува во населба Аеродром, на булевар АСНОМ, пред СЦ „Јане Сандански“.

„No Finish Line“ е меѓународен хуманитарен концепт кој започнува во Монако во 1999 година, со едноставна, но моќна идеја – луѓето да се движат, а секој поминат километар да придонесе за подобар живот на децата.

По повеќе од две децении, оваа приказна за првпат пристигнува и во Скопје.

Овогодишниот No Finish Line Skopje има една главна цел – поддршка за Детската болница „Козле“.

Целиот собран фонд од настанот е наменет за работата на болницата и подобрување на условите за лекување и грижа за најмладите пациенти.

Концептот е едноставен: секој може да учествува – без разлика на возраста, кондицијата или искуството. Може да се трча или да се оди, а со еден стартен број учесниците можат да се вклучуваат во настанот кога сакаат и колку пати сакаат во текот на 100-те часа. Патеката е долга 800 метри, а секој поминат километар претставува километар хуманост и поддршка за децата.

Покрај главната хуманитарна цел, програмата носи и низа активности за сите генерации – инклузивна трка, трки на 5 и 10 километри, полумаратон, маратон, семејна трка, 24-часовен штафетен настан, Canicross, како и зумба, музички настапи и концерти.

Од 9 септември во 9:00 часот до 13 септември во 13:00 часот, Скопје ќе се движи за една заедничка цел.

Не е важно колку брзо трчате. Не е важно колку километри ќе поминете.

Важно е да бидете дел од приказната.

Придружете ни се, истрчајте или изодете го вашиот километар и помогнете заедно да направиме нешто добро за децата.

Бидејќи овде нема последен.

Нема пораз.

И нема финиш кога станува збор за помош на децата.

📍 Бул. АСНОМ, пред СЦ „Јане Сандански“, Аеродром
📅 9–13 септември 2026
🏃 100 часа трчање и одење
❤️ Сите заедно за децата

Најнови

  • Ниту религијата, ниту далечината не ги разделија: Љупче од Делчево ја запроси Турчинката Ајлин во лет над глечер на Алјаска

    Thu, 09/10/2026 - 22:20
  • Специјален подарок за Дејвид Гета од Сатја Грабулоски: Јакна со монолитот, македонското знаме и детали од неговата кариера

    Thu, 09/10/2026 - 13:41
  • Скопје за првпат дел од светското семејство „No Finish Line“ – 100 часа трчање, одење и хуманост за децата од Козле

    Thu, 09/10/2026 - 13:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.