• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Секс

Скинат кондом? Што потоа?

27 октомври 2009, 14:22
  • cподели

Кондомите се најраспространетиот метод за контрацепција и единствениот начин да се заштитите од сексуално преносливи болести. Но, сето тоа не ве преви 100% безбедни. Иако не е честа појава, сепак се случува кондомот да се скине додека имате сексуален однос. Во таков случај не паничете, а бидете подготвени.

Кога треба да сте загрижени?

Кондоми
Кондомите се најраспространет метод за контрацепција и единствениот начин да се заштитите од сексуално преносливи болести.

Доколку утврдите дека кондомот се скинал откако партнерот ејакулирал, ризикот од несакана бременост и сексуално преносливи болести е голем, особено ако имате сексуален однос со непознат партнер. Дури и ако го познавате вашиот партер и ако ги исклучите сексуално преносливите заболувања, секогаш постои стравот од несакана бременост.

Ако кондомот се скине пред вашиот партнер да ејакулира, тоа не значи дека сте заштитени. И пред ејакулацијата кај мажите се лачи течност која содржи сперма. Затоа, ризикот од несакана бременост или сексуално преносливи болести сè уште е реален.

Како да дејствувате потоа?

За да се заштитите од непланирана бременост, немате голем избор – набавете си апчиња за итна контрацепција или т.н. апчиња за ден потоа. Можете да ги најдете во скоро сите аптеки, а најдобро е да ги испиете колку што е можно побрзо по сексуалниот акт.

За да се заштитите од сексуално преносливи болести (СПБ), веднаш измијте се со топла вода, без да користите козметички производи. Се разбира, тоа нема целосно да ве заштити од СПБ, но ќе го намали ризикот.

Доколку крв, сперма или вагинална течност дојде до контакт со отворена рана, дезинфицирајте ја со алкохол или бетадин. Ако знаете дека вашиот партнер страда од некоја болест, веднаш посетете доктор специјалист.

За да бидете сигурни дека не сте префатиле никаква болест, направете си тест за HIV вирус две недели по последниот сексуален однос.

Совети

За да не минувате низ целиот тој процес на стрес и очекување, следете ги следните совети:

  • Не употребувајте заби, ножица или друг остар предмет за да го отворите пакетчето на кондомот.
  • Пазете на ноктите додека го поставувате презервативот.
  • Вашиот партнер треба да користи кондоми со точна големина. Ако кондомот е преголем, поголема е веројатноста да се скине.
  • Внимавајте вашиот партнер да го притисне горниот дел на кондомот додека го поставува. Така ќе го избегнете создавањето на меурче со воздух, кое може да го предизвика пукањето на кондомот.
  • Употребувајте лубрикант на водна основа.
Tags
секс
кондом
скинат кондом
СПБ

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.