• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Сите стоеја рамо до рамо, без никаква поделба“: Сара Кочан за инклузивната претстава „1001 ноќ“ која ја разнежни публиката во Скопје

4 декември 2025, 18:58
  • cподели

На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, сцената на Македонската опера и балет се претвори во место каде уметноста стана мост, а танцот јазик кој ги избриша сите граници меѓу децата. Под водство на Сара Кочан, кореограф и двигател на инклузивниот проект, повеќе од 250 танчери, меѓу кои и деца со попреченост, ја создадоа претставата „1001 ноќ“ која ја расплака публиката, но и ѝ влеа надеж.

Во време кога инклузијата често останува само збор на хартија, Сара и нејзиниот тим покажаа што значи вистинска вклученост: заедништво, почит и сцена на која секое дете, без разлика на способностите, има свое место и свој глас. Нивната претстава не беше само уметнички чин, туку општествена порака дека припадноста се гради со љубов, истрајност и непоколеблива вера во потенцијалот на секое дете.

Во ова интервју за Фемина, Сара открива што се случува зад сцената на еден ваков инклузивен проект: од најголемите предизвици, преку најемотивните моменти, до надежта за иднината и патот кон општество каде уметноста и животот се простор за сите.

Сара Кочан за инклузивната претстава „1001 ноќ“
Кои беа најголемите предизвици и најубавите моменти во процесот на создавање на една инклузивна претстава?

Најголемиот предизвик беше фактот што оваа претстава беше целосно независна и непрофитна, што значи дека целиот товар на организацијата, кореографијата, подготовките и логистиката беше на нашиот тим. Имавме над 250 танчери и само една заедничка генерална проба, па координацијата беше огромен предизвик.

Сепак, токму тоа создаде и најубави моменти — да се гледа како сите, и тренери и деца, работат со срце. Прекрасно беше да се види како групите си помагаат меѓусебно, како поголемите ги водат малите, како сите се обединија без разлика на возраста или способностите. Тоа чувство дека секој дава дел од себе за да се создаде нешто поголемо од нас — тоа беше најубавиот дел.

Инклузивната претстава „1001 ноќ“
Како танчерите и лицата со попреченост се поврзаа меѓу себе за време на подготовките, дали имаш некој посебен момент што ти се врежа во сеќавање?

Не „ние и тие“, туку една група, едно семејство, една сцена

Има многу, но еден момент ми остана длабоко врежан: кога инклузивната група „DS Crew“ за првпат ја вежбаше сцената заедно со другите танчери, повеќето од децата инстинктивно подадоа рака, помогнаа, се охрабруваа меѓу себе. Тоа не беше на задача — тоа беше природно.

Во тие моменти најдобро се гледа што значи вистинска инклузија: не „ние и тие“, туку една група, едно семејство, една сцена.

Исто така, подготовката за песната на знаковен јазик беше неверојатно емотивна. Видов деца без попреченост како го учат знаковниот јазик од инклузивната група — со толку почит, љубов и внимание. Тоа беше лекција што ќе ја паметам цел живот.

Инклузивната претстава „1001 ноќ“
Инклузивната претстава „1001 ноќ“
Кој беше најемоционалниот момент од премиерата за тебе како предводник?

Најемоционалниот момент за мене беше завршницата со „Ако утре ме нема“, кога публиката беше поканета да ја пее песната заедно со инклузивниот хор.

Тоа беше последната приказна што Шехерезад му ја раскажува на султанот — приказна во која тој конечно се менува, ги напушта старите навики и ја признава љубовта кон неа. Пораката беше јасна: силата на заедницата е најголема.

Но, имаше уште нешто што ме погоди длабоко: нашите најмали. Работевме со деца од само 4 години, кои излегоа на сцена пред речиси 700 луѓе — и беа најслатки, најискрени, најчисти уметници таа вечер.

Во салата имавме над 250 изведувачи, а кога ги гледав сите — од најмалите до инклузивната група — како стојат рамо до рамо, без никаква поделба… тоа беше момент што го носам во срце. Тоа е она што ја прави оваа претстава посебна.

Исто така, како мајка, посебно емотивен момент ми беше и првиот настап на мојата Луси. Да ја гледам на сцена во проект кој го создадов со моите раце — тоа е чувство што ме допре на најлично ниво.

Сара со најмалата ќеркичка
Инклузивната претстава „1001 ноќ“
Инклузивната претстава „1001 ноќ“
Што мислиш дека ваквите настапи значат за публиката и за заедницата? Дали гледаш промени во перцепцијата кон инклузијата?

Инклузивните танчери не се гледаат како „посебни“, туку како уметници

Овие настапи ја менуваат свеста. Публиката гледа дека инклузијата не е „проект“ или „маркетинг“, туку реалност — и дека уметноста е најмоќниот простор каде тие бариери исчезнуваат.

Секој пат кога ќе заврши претстава, гледам ново почитување, ново разбирање и нова емпатија во очите на луѓето. Инклузивните танчери не се гледаат како „посебни“, туку како уметници. Тоа е најголемата победа.
Да, дефинитивно има промена во перцепцијата. Одделноста полека исчезнува, а припадноста расте.

1001 ноќ
Кои се твоите планови за понатамошни инклузивни проекти и како може заедницата да помогне или да се вклучи?

Нашата цел е јасна: да создадеме општество каде сцената, училницата и животот — се место за сите

Нашата визија е да продолжиме да создаваме претстави каде инклузијата е природна и видлива. Планираме нови работилници, заеднички часови, отворени сцени и уште поголеми инклузивни проекти.

Сакаме да изградиме простор каде децата и младите со попреченост ќе можат да танцуваат редовно, со поддршка и професионални услови.

Заедницата може да помогне со: поддршка на настаните, волонтирање, донации за реквизити и костими, партнерства со институции и организации, ширење на приказната и вредностите на инклузијата.

Нашата цел е јасна: да создадеме општество каде сцената, училницата и животот — се место за сите.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk
 

Tags
Сара Кочан
инклузивност
лица со попреченост

Најнови

  • „Сите стоеја рамо до рамо, без никаква поделба“: Сара Кочан за инклузивната претстава „1001 ноќ“ која ја разнежни публиката во Скопје

    Thu, 12/04/2025 - 18:58
  • Дедо Мраз пристигна со балон на кровот на Сити Мол

    Thu, 12/04/2025 - 16:38
  • „Децата спијат надвор и на снег“: Кристина Силјановска ни ја пренесува божиќна атмосфера од Копенхаген и искуството со градинките во Данска

    Thu, 12/04/2025 - 14:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.