• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Синот на Мајкл Даглас осуден на 5 години затвор

21 април 2010, 10:06
  • cподели

Синот на Мајкл Даглас вчера беше осуден на 5 години затвор за трговија со дрога.

Судијата Ричард Берман ја објави својата пресуда, откако го слушна признанието на 31-годишниот Камерон Даглас. Тој уште и ги искритикува родителите на Камерон, Мајкл Даглас и Диандра, за тоа што биле „оддалечени“, „проблематични“ и „незрели“ родители.

Камерон и Мајкл Даглас Камерон и Мајкл Даглас

За да му помогнат на својот син, Мајкл Даглас и Диандра испратиле писма до судијата во кои образложуваат дека оваа ситуација е последица од тешкото детство на Камерон, фамилијарната историја со алкохол и дрога и популарноста на повеќе членови од нивното семејство.

Само за потсетување, Мајкл посетуваше терапија за зависност од алкохол во 90-тите, а неговиот полубрат Ерик почина во 2004 година од предозирање со алкохол и лекови.

Камерон беше уапсен во јули минатата година во хотел во Њујорк. Во моментот на апсењето тој поседувал дрога во износ од 18 000 долари. Не помина долго време пред популарниот син да се изјасни како виновен за обвинувањата дека продавал кокаин и метамфетамин. За тоа кривично дело тој требаше да добие 10 години затвор, но неговите адвокати успеаја да ја намалат казната.

Според изјавите на адвокатите, Камерон започнал со трговија со дрога во 2006 година, откако бил лишен од семејното богатство затоа што не сакал да се подложи на лекување.

Tags
Мајкл Даглас

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.