• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Синди Крафорд и сопругот Ренди фотографирани на прошетка по смртта на 27-годишниот син

13 октомври 2026, 10:58
  • cподели

Синди Крафорд и Ренди Гербер минуваат низ навистина тежок период.

60-годишната манекенка и 64-годишниот бизнисмен беа фотографирани на лежерна прошетка, по смртта на нивниот син Присли Гербер.

На папараци фотографиите, брачната двојка се шеташе држејќи се за раце покрај плажа во Малибу.

Присли почина во рехабилитациски центар, а неговата смрт се истражува како сомнително предозирање. Според соопштението на полицијата во Санта Моника, засега нема индиции за насилна смрт, додека официјалната причина и начинот на смртта треба да бидат утврдени од надлежните медицински служби.

Синди и Ренди, кои ја имаат и ќерката Каја Гербер, со години се обидувале да му помогнат на својот син во борбата со проблемите со менталното здравје и зависноста.

Според извор близок до семејството, тие постојано биле вклучени во неговиот живот и барале различни начини да му обезбедат поддршка и соодветен третман.

Пред да почине, Присли отворено зборуваше за своите лични борби и проблемите со зависноста. Споделуваше видеа за закрепнувањето и преку социјалните мрежи се обидуваше да им помогне на луѓето кои се соочуваат со слични проблеми. 

Во една од неговите последни објави, тој откри дека повторно бил на третман за зависноста, надевајќи се дека тоа ќе биде последен пат.

Tags
Синди Крафорд
Ренди Гербер
Присли Гербер

Најнови

  • Синди Крафорд и сопругот Ренди фотографирани на прошетка по смртта на 27-годишниот син

    Tue, 10/13/2026 - 10:58
  • „Кога треба да се породи?“ Леонардо Дикаприо со 24-години помладата девојка на плажа, беше исмејуван за стомачето

    Tue, 10/13/2026 - 10:29
  • Стефан Лазаров и Марта се топат од љубов, уживаат во секој момент со синчето Лука

    Tue, 10/13/2026 - 09:43
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.