За Сиара бременоста не значи откажување од смелите модни стајлинзи.
40-годишната пејачка, која е бремена со петтото дете, се појави на гала во Париз во впечатлива проѕирна креација со чипка која го истакна нејзиното трудничко стомаче.
„Добра вечер, Париз! Ноќ за паметење“ – напиша таа во описот на споделените фотографии.
Сиара го очекува четвртото дете со сопругот Расел Вилсон. Таа има уште еден син од претходната врска со раперот Фјучр.