Сестрата на Тоше Проески на одмор со пораснатите синови Никола и Кристијан, кој сподели песна од нашиот ангел за Денот на независноста
Дора Проеска ги искористи последните топли летни денови за авантура во друштво на своите синови Никола и Кристијан.
Сестрата на Тоше Проески сподели селфи фотографија од заедничкиот одмор, на која може да се види дека нејзините синови веќе пораснале во вистински момци.
Дора со години го одржува жив споменот за својот покоен брат Тоше. Таа често споделува фотографии и спомени поврзани со него, а особено емотивни се нејзините објави на неговиот роденден.
Љубовта кон Тоше и неговата музика очигледно продолжува и во следната генерација од семејството.
Кристијан, кој во последните години покажува интерес за музиката и ги следи чекорите на својот вујко, по повод 35 години од независноста на Македонија на Instagram Story сподели видео со фотографија од Тоше и стиховите од неговата песна „Македонија навива за вас“.