„Семејството сега ни е комплетно“: Кејли Куоко се породи и сподели приватни фотографии од болницата
Кејли Куоко стана мајка по вторпат и со емотивни фотографии од породилиштето го претстави најновиот член на своето семејство.
40-годишната ѕвезда од популарната серија „The Big Bang Theory“ и 44-годишниот актер Том Пелфри добија втора ќеркичка, на која ѝ го дадоа името Филомена Кармин Боби Пелфри.
Девојчето се родило на 12 октомври, а гордите родители ја споделија радосната вест два дена подоцна, објавувајќи нежни фотографии од првите заеднички моменти во болницата.
Покрај фотографиите, Кејли напиша емотивна порака во која ја изрази благодарноста за проширувањето на семејството и откри дека патот до раѓањето на малата Филомена бил исполнет со подеми и падови.
„Филомена Кармин Боби Пелфри. 12.10.2026.
Нема зборови со кои можам да го опишам чувството што го доживувам повторно. Каков благослов.
Толку сме благодарни за лудото, бурно патување, исполнето со подеми и падови, кое нè доведе до нашата мала Фило!
Нашето семејство сега е официјално комплетно. 😭 Време е да ѝ го однесеме бебето на Матилда дома! 😂💕
Том Пелфри, животот експлодираше во моментот кога се запознавме, а подароците продолжуваат да пристигнуваат. Те сакам засекогаш, татко на девојчиња! 💘“ – напиша таа.
Кејли на Instagram Stories сподели фотографија од 3-годишната Матилда, првата ќерка на актерската двојка, која со широка насмевка позира во маичка со натпис „Голема сестра“.
„Некој нè чека дома!“ – напиша Кејли покрај фотографијата.
Актерката ја откри втората бременост со семејни фотографии на кои Матилда им помогна на родителите да го откријат полот на бебето. Уште тогаш Кејли призна дека втората бременост била поинакво искуство, но дека е неизмерно благодарна што со Том ќе го остварат сонот за четиричлено семејство.
„Го комплетираме нашето мало семејство, каков сон кој се остварува! Патувањето по вторпат беше малку покривулесто на многу начини, но навистина сме благодарни за моментот! Доаѓа мало сестриче!“ – напиша таа тогаш.
Кејли и Том се во врска од 2022 година, а во март 2023 година ја добија првата ќерка Матилда. Во август 2024 година се свршија, но не брзаа со свадбените подготовки.
Популарната актерка претходно низ смеа изјави дека можеби ќе добијат уште едно дете пред да застанат пред олтарот, што сега навистина се оствари.