• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Се сеќавате на „10 работи што ги мразам кај тебе“? Џулија Стајлс му оддаде почит на Хит Леџер во „Dancing with the Stars“

22 октомври 2026, 09:26
  • cподели

По повеќе од 2 децении од премиерата на култната романтична комедија „10 работи што ги мразам кај тебе“, Џулија Стајлс ги разнежни обожавателите со емотивна посвета на покојниот колега Хит Леџер. 

45-годишната холивудска ѕвезда, која ја имаше главната улога во филмот, му оддаде почит на актерот во шоуто „Dancing with the Stars“. Нејзиниот настап прерасна во посебен момент исполнет со носталгија, спомени и емоции кога таа заедно со својот партнер Езра Соса, ја изведоа кореографијата на песната „Can’t Take My Eyes Off You“ од Френки Вали.

Со истата песна ликот на Леџер, Патрик, ја освои Кет (Стајлс) во филмот од 1999 година. Настапот беше исполнет со детали кои потсетуваат на филмот.

Пред настапот, актерката се присети на Леџер, кој почина на 28-годишна возраст во 2008 година.

„Имам толку многу убави спомени со Хит, но истовремено сум тажна затоа што навистина би сакала да можам да му се јавам и да му кажам: ‘Еј, пријателе, луѓето навистина со сакаат тој филм. Направивме нешто посебно’“ – раскажа таа.

Стајлс откри и дека побарала дозвола од поранешната партнерка на Леџер, актерката Мишел Вилијамс, пред да му ја посвети кореографијата. 

„Ја прашав Мишел дали е во ред и таа рече да“ – изјави таа.

Емоциите дополнително се засилија на крајот од настапот, кога на сцената ѝ се придружија и нејзините поранешни колеги од филмот – Џозеф Гордон-Левит, Габриел Јунион, Лариса Олејник, Ендру Киган и Сузан Меј Прат. 

Тие застанаа покрај Стајлс, ги испреплетоа рацете и му оддадоа почит на актерот, додека на сцената беше поставена фотографија од него и Џулија, а во позадина одеа и нејзините зборови од филмот. Таа положи и цвет во негова чест.

Џулија истакна дека сакала настапот истовремено да ја пренесе тагата поради отсуството на Леџер и радоста која тој им ја донел на луѓето преку својата улога. Посветата беше наградена со 36 од можни 40 поени од жирито, а на социјалните мрежи многумина ја опишаа како прекрасен начин да се зачува споменот на актерот.

Речиси 18 години по неговата смрт, Леџер продолжува да живее во сеќавањата на публиката, а неговата сцена со „Can’t Take My Eyes Off You“ останува еден од најпрепознатливите моменти од романтичните комедии на 90-тите години.

Tags
Џулија Стајлс
Хит Леџер

Најнови

  • Повеќе не ја кријат врската: Јелена Карлеуша снимена како се бакнува со 25 години помладиот Александар Шево

    Thu, 10/22/2026 - 09:31
  • Се сеќавате на „10 работи што ги мразам кај тебе“? Џулија Стајлс му оддаде почит на Хит Леџер во „Dancing with the Stars“

    Thu, 10/22/2026 - 09:26
  • „Не ја сакав повеќе работата што ја создадов“: Дуња Јованиќ за вистинското „прегорување“ во RESET

    Thu, 10/22/2026 - 00:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.