• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Саша Ковачевиќ за саканата: „Се женам со Зорана поради нејзина сигурност, не би сакал ќерка ѝ да ме вика тато, јас не ѝ сум татко“

12 декември 2025, 11:07
  • cподели

Саша Ковачевиќ отворено зборуваше за својот љубовен живот, за запросувањето на саканата Зорана и за односот со нејзината ќеркичка Искра од претходниот брак.

Во интервју за „SCANDAL“, 40-годишниот српски пејач сподели како и зошто ја запросил Зорана по осум години врска.
Саша Ковачевиќ Запрашан зошто му требало толку време за да ја запроси девојката, Саша рече:

Не постои конкретна причина. Јас од почетокот на врската сум многу искрен спрема мојата поубава половина. Таа ги знае моите ставови поврзани со венчавката, како што и јас ги знам нејзините.

Апсолутно немам потреба да ја докажувам некому мојата љубов кон Зорана преку хартија. Не мислам на Зорана, туку на новинарите, медиумите, пријателите, роднините... Не ѝ пречи што касно ја запросив, ние функционираме како да сме во брак... Од првиот ден таа како да е верена, живееме заедно од третиот месец од нашата врска.

На секоја жена ѝ е сон да се омажи и од таа причина јас кажувам дека сакам мојата жена да биде најсреќна на светот. Тоа е и причината зошто влегувам во брачните води. Јас можам да живеам со неа 300 години без никаков документ. Единствена причина зошто би сакал да постои документ е поради нејзината сигурност, како материјална, така и каква било друга.

Не дај Боже нешто да ми се случи, Зорана и Искра се моето семејство... Сакам таа да го носи моето презиме.

Тој се решил да ја запроси Зорана во Атина затоа што знаел дека тоа е нешто што го посакува секоја жена. 

„Знам дека таа е жената за мене, знам дека таа би сакала прстен, како и секоја жена, тоа е круна на љубовта“ – рече тој.

Ковачевиќ сподели дека и покрај шпекулациите, Зорана не е бремена, но дека многу ќе се радува кога ќе дојде тој ден и со сигурност ќе ја сподели убавата вест.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

За односот со ќерката на Зорана, Саша рече:

Имаме феноменален однос. Искрено не би сакал ниту да ме вика „тато“, затоа што јас не ѝ сум татко и мислам дека тука би се пореметиле некои семејни кодекси. Не затоа што не би сакал, јас најмногу на светот би сакал таа да е мое биолошко дете. Меѓутоа таа има свој биолошки татко и тоа е некоја нивна посебна поврзаност, енергија и љубов еден кон друг. Јас воопшто не сакам тоа да го пореметам и да правам дисбаланс во тој однос.

Јас само сакам таа да знае дека од моја страна има поддршка во секоја смисла, за што било во животот. Таа мене ме вика „папа“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

Саша и Зорана се во врска од 2017 година, а предлогот за брак се случи на крајот од октомври оваа година.

Tags
Саша Ковачевиќ

Најнови

  • Донација на Витаминка

    Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

    Fri, 12/12/2025 - 13:08
  • Фолклорот низ генерации живее

    Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

    Fri, 12/12/2025 - 13:00
  • Breadway

    Приказната зад празничната магија: Скопскиот локал „Breadway“ освојува со атрактивни декорации

    Fri, 12/12/2025 - 12:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.