• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Само 3 жени не носеа црно на „Златен глобус“, па наидоа на критики и го образложија својот моден избор

9 јануари 2018, 13:12
  • cподели

Непишано „правило“ беше сите гостинки на „Златен глобус“ да носат црна облека во знак на протест против сексуалното малтретирање и во знак на солидарност со оние кои биле злоупотребени и оние кои собраа храброст да проговорат.

Сепак, неколку од присутните го игнорираа неофицијалниот дрес-код, па наидоа на многу критики. По многубројните коментари, Бланка Бланко, Барбара Мејер и Мехер Татна се огласија и образложија зошто избрале креации во друга боја.

Бланка Бланко

Актерката Бланка Бланко самоуверено позираше на црвениот тепих во сексапилен црвен фустан. Откако се соочи со бран критики, таа сподели зошто не носела црно.

Златен глобус

„Обожавам црвено. Носењето на црвено не значи дека сум против движењето #timesup. Им аплаудирам и стојам покрај храбрите актерки кои продолжуваат да го кршат кругот на злоупотреба со нивните постапки и нивниот стилски избор... Проблемот е поголем од бојата на мојата облека.“ – изјави таа.

Златен глобус Златен глобус

Барбара Мејер

Златен глобус

Германскиот модел на Instagram образложи зошто избрала колоритен аутфит. „Многу жени ќе носат црно вечерва за да го поддржат движењето time’s up! Сметам дека е одлична и екстремно важна иницијатива! И покрај тоа, решив да носам колоритен фустан вечерва. Не треба да мораме да носиме црно за да бидеме сфатени сериозно. НИЕ жените треба да блескаме, да бидеме колоритни и да сјаеме, каква што е нашата природа... Според мене, ова ја симболизира нашата слобода и нашата нова сила. Но, да бидеме јасни: Се случија многу лоши нешта кои не треба да се случат никогаш повеќе!“

Златен глобус Златен глобус Златен глобус

Мехер Татна

Златен глобус

Мехер, која е претседателка на Hollywood Foreign Press Association, избрала црвена боја затоа што во индиската традиција на свечености се носат празнични бои.

„Со мајка ми го планиравме ова заедно пред неколку месеци, поврзано е со културата. Кога има прослава, не се носи црно. Па, нејзе би ѝ било одбивно ако носев црно. Па, ова е мојата мајка“ – рекла таа за ET.

Златен глобус

Сепак, во морето коментари за нивниот стилски избор има и такви во кои им се дава поддршка и се потенцира дека е смешно да се критикуваат само поради тоа што одлучиле да не носат црно.

Tags
Златен глобус
Златен глобус 2018

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.