Рита Ора ѝ се приклучи на екипата на „Fifty Shades of Grey“. 23-годишната пејачка доби улога во филмската верзија на популарниот еротски роман.
Потврдено е дека Ора ќе влезе во улогата на Миа Греј, сестрата на главниот лик Кристијан Греј.
Рита Ора
Филмот со Џејми Дорнан (Кристијан Греј) и Дакота Џонсон (Анастасија Стил) веќе започна да се снима во Ванкувер, Канада.
Џејми Дорнан и Дакота Џонсон на снимањето на филмот во Ванкувер
Сем Тејлор-Вуд е режисерка на филмот кој ќе излезе на 14 февруари 2015 година.