• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Револуционерен избор на Мис Перу: Убавиците со моќни пораки против насилството врз жените

3 ноември 2017, 10:20
  • cподели

Кандидатките за Мис Перу 2017 се здружија за да потенцираат многу сериозен проблем - насилството врз жените. Во моментот кога требаше да се претстават заедно со мерките на своите тела, убавиците од Перу со сериозен израз на лицето кажуваа факти од страшната статистика за насилството врз жените во нивната земја.

За време на сегментот во кој натпреварувачките се претставуваа во бикини, во позадина беа прикажувани исечоци од трагични вести за убиени или физички малтретирани жени.

Мис Перу

Ваквата храбра и револуционерна постапка на убавиците предизвика вистински шок кај публиката. Првата од нив излезе и се претстави вака: „Моето име е Камила Каникоба и јас ја претставувам Лима. Моите мерки се: 2.202 случаи на фемицид во последните девет години во мојата држава“. Следната натпреварувачка рече: „Јас сум Карен Куето и јас ја претставувам Лима, а моите мерки се: 82 случаи на фемицид и 156 обиди за фемицид, досега оваа година“.

Мис Перу Мис Перу Мис Перу

Секоја од вкупно 23-те натпреварувачки излезе и се претстави на сличен начин, а изборот на Мис Перу стана вирален.

Изборите за убавина во Јужна Америка се познати по сексизмот, па затоа натпреварувачките и организаторката Џесика Њутон, која минатата година беше мис Перу, решиле овој избор да го искористат за да се изјаснат против насилството врз жените.

Мис Перу

Победничката на изборот, Ромина Лозано, рече дека нејзините мерки се „3.114 жени кои се жртви на трговија со луѓе, регистрирани од 2014 година“. Меѓу останатите шокантни статистички податоци беше кажано дека 13.000 девојчиња се жртви на сексуално насилство, 25% од тинејџерките се жртви на насилство во училиштата, а над 70% од жените се жртви на улично малтретирање.

Мис Перу Мис Перу

Лусиана Оливарес, менаџерката на телевизискиот канал кој го емитуваше изборот, изјави: „Дефинитивно сакавме поинаков избор на Мис Перу. Но, во текот на претходните седмици стана очигледно дека потребен е крик против насилството врз жените“, алудирајќи притоа на случајот од претходната недела кога волонтерка била силувана во домот на маж, каде што ја спроведувала анкетата за националниот попис во Перу. „Одлучивме дека имаме можност да го промениме изборот и да го искористиме како платформа за мобилизација, за подигнување на свеста и изјаснување. Знаевме дека целата држава ќе гледа“ – вели Оливарес.

Мис Перу Мис Перу Мис Перу

Изборот заврши со предлог од секоја од убавиците во врска со тоа кои закони би ги промениле за да се намали насилството врз жените.

ВИДЕО:

Tags
насилство врз жените

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.