• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Фитнес

Птица-куче: Едноставна вежба за зацврстување на јадрото на телото која секој треба да ја прави

16 април 2019, 12:12
  • cподели

Кога станува збор за зајакнување на мускулите на торзото или јадрото, една од најефективните вежби е птица- куче или вежба на „четири нозе“. Таа не само што го зајакнува средишниот дел од телото, туку позитивно влијае и на мускулите на грбот, рацете и нозете.

Вежбата можат да ја применуваат и лица кои имаат проблеми со половината, а е одлична и за нови мајки кои започнуваат да вежбаат по породувањето.

Птица-куче

Препораки

Има повеќе варијации на птица-куче, но за правилно да ја направите основната верзија, потребно е да ги следите следниве препораки:

  1. Застанете на сите четири екстремитети како на фотографијата. Дланките треба да ви бидат поставени точно под рамената, додека колената треба да ви бидат директно под колковите.
  2. Исправете го грбот и вовлечете го стомакот навнатре за да постигнете стабилност на телото. Испружете ги истовремено десната рака и левата нога, фокусирајќи се на одржување на рамнотежата. Многу е важно да не дозволувате градниот кош да ви „нависне“ кон подот и карлицата да не ви се ниша лево-десно.
  3. Потоа вратете се во првобитната позиција и повторете ја вежбата со левата рака и десната нога.
  4. За почеток, направете по 10 повторувања на двете страни. Како што ќе напредувате, зголемувајте го бројот на серии.
Птица-куче

Трик: Ако сакате да проверите дали телото ви е стабилно додека ја правите вежбата, побарајте од некого да ви стави пластична или хартиена чаша на карлицата. Доколку чашата падне, значи дека телото ви се ниша и дека треба повеќе да ги ангажирате вашите стомачни мускули.

Варијации

Откако ќе ја совладате основната верзија на птица-куче, преминете на другите варијации од неа:

Птица-куче со свивање на телото

При оваа варијација, коленото треба да се допира со лактот. Оваа вежба ги зајакнува и надворешните коси стомачни мускули. Кога лактот и коленото се допираат, грбот треба да ви биде во форма на лак, а стомачните мускули да ви бидат вовлечени навнатре.

Птица-куче

Птица-куче со твист

Ваквиот тип на птица-куче придонесува и за поголемо зацврстување на задникот.

Птица-куче

Птица-куче планк

Ова е многу понапредна варијанта од вежбата и се започнува од позиција на планк (штица).

Птица-куче Птица-куче Птица-куче

Птица-куче склекови

Птица-куче

Птица-куче со ластик

Птица-куче
Tags
птица-куче
фитнес

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.