Професор од Католичката гимназија во Задар напиша песна за матурантите, рапуваше и лудуваше со нив и стана хит
Несекојдневна сцена од матурската прослава во Католичка гимназија Иван Павле II во Задар ги освои интернет корисниците и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Професорот по историја Ратко Рушев реши да им приреди изненадување на своите ученици кои ќе го паметат засекогаш.
Наместо класичен говор или формален настап, професорот зеде микрофон и... рапуваше. Уште поимпресивно е тоа што текстот е негово дело, а музиката беше специјално прилагодена за настапот.
Атмосферата во салата експлодираше за неколку секунди. Во видеото, матурантите во еуфорија викаат: „Ратко, Ратко!“, додека професорот енергично ја изведува песната посветена токму на нив.
Погледнете:
👏🏼🤴🏻A sada...Samo za vas...Full version nastupa našeg repera Ratka Ruševa, profesora koji je napisao tekst, izgenerirao pjesmu i izveo je maturantima na podiju u Berekina! Za sve one koji su ,,upisali Klasičnu i završili Katoličku"!