• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Премалечки близначиња родени во 23. недела ги надминаа очекувањата, наскоро ќе наполнат 1 година

15 септември 2016, 11:47
  • cподели

Близнаци, кои се родиле во 23. недела од бременоста, ги надминаа прогнозите на докторите и за десетина дена ќе ја дувнат својата прва роденденска свеќа. Бебињата привлекоа големо внимание затоа што во некои држави како Велика Британија, периодот за абортус дозволен според законот, е до 24. недела од бременоста.

Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан

Кога Кеденис и Џексон Мур дошле на овој свет, никој не очекувал дека тие ќе се изборат за својот живот. Кенедис тежела само 480 грама, додека тежината на нејзиниот брат била 620 грама. Близнаците биле родени со итен царски рез на 23 септември минатата година.

За да ги добијат своите мали „чуда“ родителите Џордан и Мет Мур морале да поминат низ многу тешки моменти. Поради лекарствата кои ги примала за Кронова болест, Џордан не можела да износи дете самата, па парот одлучил да посвои дете. За жал, нивното 10-годишно чекање било без успех.

Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан

Откако пријателка се понудила да им биде сурогат-мајка и да го износи нивното дете, Џордан и Мет посвоиле седум ембриони од анонимен донор. Овие ембриони се донирани од семејства кои поминале низ инвитро и не планираат да имаат повеќе деца.

Два од ембрионите успешно биле имплантирани во матката на Холи, пријателката на парот. За жал, Холи морала да ја прекине бременоста во 23. недела откако докторите ѝ соопштиле дека е отворена 10 см. Шансите бебињата да преживеат надвор од матката биле минимални. Џордан и Мет биле во шок.

„Не сакав да верувам во тоа, бидејќи поминавме низ многу нешта за да стигнеме до таа фаза. Немавме друг избор освен да се подготвиме за нивната смрт“ – рекла Џордан.

Бебињата се родиле пет дена по приемот на Холи во болница. Нивните органи биле неразвиени, а очите им биле затворени уште две недели. Тие поминале три месеци во Оддел за неонатална интензивна нега, соочувајќи се со бројни здравствени проблеми.

Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан

За среќа и Кенедис и Џордан успеаја да се изборат за своите животи и да ги надминат прогнозите на докторите дека нема да преживеат. „Секој ден во Одделот за неонатална интензивна нега гледав бебиња како умираат иако беа родени поголеми и посилни од моите. Среќна сум и благословена што сè добро заврши, но тоа не му се случува на секого“ – вели Џордан, која минувала по пет часа во контакт кожа на кожа секој ден за да се поврзе со своите бебиња по нивното раѓање.

Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан

Видео

A video posted by Journey To Mini-Moore (@journeytominimoore) on Nov 25, 2015 at 6:39am PST

Парот постојано споделува фотографии од своите слатки бебиња на Instagram:

Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан Кенедис и Џордан

Само за информација:

Во земјите низ светот рокот за абортус дозволен со закон варира. Во Велика Британија дозволен период за абортус според законот е до 24. недела од бременоста. Ова ограничување не важи доколку животот на мајката е во опасност или доколку има абнормалности кај плодот.

Во САД рокот е различен во одделните сојузни држави и варира од 6. до 28. недела од бременоста.

Во Република Македонија легално е да се абортира до 10. недела од бременоста.

Tags
минијатурно бебе

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.