Прекрасна: Принцезата Кетрин блесна во жолта креација од Ели Сааб и со омилената тијара на принцезата Дијана
Принцезата Кетрин важи за една од најдобро облечените жени во светот, а зошто е тоа така покажа и на синоќешната свечена вечера во замокот Виндзор.
На свеченоста, организирана во чест на султанот на Оман, Хаитам бин Тарик, 44-годишната припадничка на британското кралско семејство се појави во впечатлива жолта креација од колекцијата пролет/лето 2025 на Ели Сааб, надополнета со раскошен кралски накит.
На главата, Кетрин ја носеше познатата Lover’s Knot Tiara, една од нејзините омилени кралски дијадеми, која ја носи од 2015 година. Изработена од дијаманти и бисери од британската куќа за накит Garrard во 1913 година за кралицата Мери, тијарата подоцна стана препознатлива и по принцезата Дијана, која често ја носеше на свечени настани.
Таа го придружуваше принцот Вилијам.
Свечената вечера се одржа во чест на тридневната државна посета на Обединетото Кралство од страна на султанот на Оман.