• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Прекрасен јазик имате“: Сержи од Барселона сам научил македонски, доби пофалби дека зборува подобро од многу Македонци

21 мај 2026, 14:40
  • cподели
Сержи

Млад дечко од Барселона забрзано изнудува комплименти, затоа што ни одржува лекција како се почитува македонскиот јазик.

Првпат се сретнал со нашиот јазик за време на Евровизија, кога настапот на Калиопи со „Црно и бело“ во него разбудил неверојатна љубопитност која подоцна прераснала во вистински подвиг.

Сержи посветил шест години на совладување на нашата граматика, азбука и изговор. Во видеото кое ги освои симпатиите на јавноста, тој со восхит зборува за својата поврзаност со Македонија:

„Здраво, јас сум Сержи, студент од Барселона кој учи македонски. Почнав пред 6 години, без учител, само со учебник за самостојно учење. Морам да кажам дека се заљубив во Македонија, во вашата култура, а особено во вашиот јазик.

Многу ми се допаѓа како звучи така ритмично, но елегантно. Прекрасен јазик имате и богата литература“.

Видео

Коментарите на видеото се полни со пофалби и многумина се согласуваат дека Сержи зборува подобро од многу Македонци.

Видеото го објавија од „Зборци“, здружение кое има за цел да создава и промовира нови зборови во македонскиот јазик. Во нивната порака стои:

Светот на јазикот е неверојатен. Некогаш не сме свесни до каде одекнуваат нашите дела и како тие менуваат, инспирираат и наоѓаат начини да делуваат во други светови.

Таква е приказната на Сержи. Тој е Каталонец. Првпат се среќава со македонскиот јазик на Евровизија, кога ја слуша „Црно и бело“ од Калиопи. Тоа во него буди интерес и љубопитност, кои самиот ги преточува во неверојатен подвиг. Денес, шест години подоцна, зборува, пишува и чита македонски.

Ти благодариме, @rooovi_ , за инспирацијата.

Ваквите приказни ни покажуваат дека сè што досега правиме вреди и дека без размислување треба да продолжиме да ја пишуваме, зборуваме и градиме приказната на македонскиот јазик, дома, во регионот и во светот.

Бидејќи јазикот навистина не познава граници.

Tags
македонски јазик

Најнови

  • Кој би рекол дека полни 60 години? Згодната Хали Бери го прослави јубилејниот роденден во луксузен ресорт

    Mon, 08/24/2026 - 22:20
  • „Лани за роденден - свадбарка, оваа година – презентерка“: Водителката Бубе Јаневска со роденденски фотографии

    Mon, 08/24/2026 - 15:15
  • Еден фустан, три дами од шпанското кралско семејство: Принцезите Софија и Леонор во креација од плакарот на мајка им Летиција

    Mon, 08/24/2026 - 14:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.