• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Пред и потоа: Дениз Ричардс отворено покажа како изгледа по „фејс-лифтинг“

23 март 2026, 08:55
  • cподели
Дениз Ричардс

Дениз Ричардс ги изненади фановите со фотографии „пред и потоа“, откривајќи ги деталите за нејзините неодамнешни естетски корекции на лицето.

Иако Холивуд често ги крие тајните за вечната младост, поранешната ѕвезда на „Очајни домаќинки од Беверли Хилс“, одлучи да биде целосно транспарентна. Во интервју за „Allure“, 55-годишната актерка призна дека пред осум месеци се подложила на целосен фејс-лифтинг, истакнувајќи дека едноставно сакала да ги „врати работите таму каде што беа претходно“.

Дениз Ричардс
Дениз Ричардс

„Бев преплашена. Со оглед на тоа што сум под лупа на јавноста од моите 20-ти години, луѓето знаат како изгледам, па фејс-лифтингот не е нешто што би можела да го сокријам“ – искрено сподели таа.

За својата трансформација, таа му ја довери довербата на познатиот пластичен хирург од Беверли Хилс, д-р Бен Талеи. Процедурата била обемна и вклучувала класичен лифтинг на лицето, подигнување на веѓите, благи корекции на очните капаци, подигнување на аглите на усните и трансфер на маснотии. Целта на хирургот била да го освежи лицето, но да ја зачува нејзината природна убавина и карактер. Самата Дениз изјави дека откако ќе заздравиш, разликата е како „ден и ноќ“.

Дениз Ричардс
Дениз Ричардс

„Кога ќе ги гледам сликите од претходно, не можам да поверувам. Има огромна разлика. Не се каам за ништо. Навистина. Многу сум среќна и не знаев колку убаво ќе направи да се чувствувам“ – вели таа.

Дениз Ричардс

„Многу сум му благодарна на д-р Бен, навистина сум, бидејќи како што старееме, тоа не се случува преку ноќ, знаете? Но, кога ќе направите лифтинг на лицето, откако ќе заздравите, разликата е како ден и ноќ. Гледате драматична разлика. Тоа ми даде... Особено со оглед на тоа низ што поминувам во животот, знаете? Не поминував низ развод кога го направив тоа, иако очигледно имаше некои големи проблеми во мојот брак. Но, едноставно ми даде нов елан за живот. Ми даде самодоверба. И луѓето ме прашуваат, да не бев актерка, дали пак ќе го направев тоа? И би го направила. Навистина. Бидејќи ако тоа ми помага да се чувствувам добро и ако ми дава самодоверба, благодарна сум што го направив. Ми го промени животот на толку убав начин. Немав поим. Посакувам да го направев порано, но благодарна сум што го направив токму тогаш кога го направив“ – појаснува Ричардс.

Дениз Ричардс
Дениз Ричардс
Дениз Ричардс
Tags
Дениз Ричардс

Најнови

  • Balea

    Летна нега со мирис на рози - откријте ги Limited Edition производите Blooming Dreams од Balea во dm

    Fri, 07/17/2026 - 22:52
  • „Јас сум богата жена, не постои поголемо богатство од тоа кога се раѓаат внуци“: Првата изјава на Цеца по раѓањето на внучето Илијан

    Fri, 07/17/2026 - 14:57
  • Љубов на планина: Моника Црнокрак со дечкото Виктор Петров уживаат во планинска идила сред лето

    Fri, 07/17/2026 - 14:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.