Празници се ближат... Ријана го буди божиќниот дух со преслатка кампања со трите мали дечиња
Иако до празничната сезона има неколку месеци, Ријана веќе ја разбуди магијата со новата семејна кампања.
Музичката ѕвезда сними фотосесија за својот бренд Savage X Fenty со најмилите членови од семејството, нејзините дечиња Роки, Рајот и Риза. Ријана позираше со двете момчиња и нивната помала сестричка Роки облечени во исти црвено-бели пижами со мотиви на снегулки.
Изгледот на малата Роки, која за првпат се појавува во кампања на брендот на мајка ѝ, беше надополнет со симпатична панделка, а фотографиите и видеото ги освоија срцата на обожавателите.
Ријана сподели и видео во кое децата си играат со украси, меки бели материјали што потсетуваат на снег и плишано поларно мече, создавајќи сцени како од празнично утро.
„Само сме тука да ја започнеме удобната сезона! Бандата се продава одделно“ – напиша шеговито пејачката во описот на објавата на Instagram.
Ова не е првпат Ријана да ги вклучи децата во кампањите на „Savage X Fenty“. Во 2024 година, таа позираше со синовите Риза и Рајот во складни сини комбинации, шегувајќи се дека станале едно од семејствата кои се облекуваат исто за празниците.